еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Косово воведе задолжителен тест за Ковид-19 за граѓаните на Македонија, БиХ и Црна Гора

Владата на Косово денеска одлучи да воведе обврска за задолжително приложување на негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Северна Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната видео-конференциска седница на Владата на Авдулах Хоти е одлучено дека тестовите со кои се докажува дека лицето кое влегува во Косово од трите земји не е заболено од Ковид-19 не треба да биде постар од 72 часа од времето на пријавување на граница.

Од оваа одлука се исклучени граѓаните од тие земји доколку влезат преку меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина. Тие не треба да приложат негативен тест за новиот коронавирус, но се обврзани да потпишат изјава дека во рок од три часа ќе го напуштат Косово. Исто така и патниците кои го користат аеродромот за патување во трети земји немаат потреба од тест.

Превозниците кои влегуваат во Косово од споменатите земји немаат потреба од тестот РТ-ПЦР, но треба да ги почитуваат протоколите за меѓународен превоз.

И организираните превозници на патници со автобуски или меѓународни транзитни линии од тие земји не треба да приложуваат уверение за негативен тест, но треба да потпишат изјава дека се обврзуваат да ја напуштат територијата на Косово во рок од 5 часа.

Ослободени од обврската за тестирање се и странските дипломати и нивните семејства, како и државјаните на Северна Македонија, БиХ и Црна Гора кои имаат и косовско државјанство и живеалиште во Косово.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На меѓувладината седница во Софија потпишани неколку договори, меѓу нив за железничкиот Коридор 8 и директната авиолинија

Редакција

За Рама начинот на однесување на Бугарија кон Македонија е срам

Редакција

Убава вест: Оздравени уште 38 пациенти, вкупната бројка 627

Редакција