еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Ковачевски најави интервенции во маржите кај некои од основните прехранбени производи

Сигурно ќе следуваат нови мерки, не може никој во време на криза да печали на грбот на граѓаните, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања во врска со поскапувањата на некои од основните производи.

Интервенциите, како што информира, најверојатно ќе бидат во делот на маржите и во делот на разликите меѓу производните и продажните цени.

Ковачевски најави дека ќе има проблем со млекото, поради што утре ќе одржи состанок со министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

-Ги следиме цените, со економските министри веќе разговаравме за идните мерки што ќе се преземат, пред се, во делот на маржите и во делот на разликата во цените од производителите до финалната цена на рафт. Сигурно ќе следуваат нови мерки, зашто никој не може во време на криза да печали на грбот на граѓаните, потенцира Ковачевски по посетата на новата градинка во Карпош.

Според него, се јавува криза во снабдувањето на млечната индустрија, има недостиг во некои региони во светот поради војната во Украина.

-Ќе има проблем кај млекото зашто се јавува криза во снабдувањето со млеко. Веќе утре имам состанок со министерот Николовски за тоа кои мерки ќе ги преземеме зашто се јавува недостиг во некои региони во светот на млеко поради војната во Украина, информира премиерот.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) МВР објави фотографија од напаѓачот на Раде Трајковски Штекли во Ист Гејт

Редакција

Запленет, па вратен удел на ЗК Пелагонија во Пелагонија Енерџи

Редакција

ЕСМ склучи договор со Еко-теам вреден 460 илјади евра

Редакција