еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски не откри многу детали за францускиот предлогот: Историските прашања не се дел од преговарачката рамка

Нашите забелешки се содржани во новиот предлог, кој што се наоѓа во моментот на анализа во МНР и можеме да го отпочнеме процесот на консултации кај нас. Едно од нашите барања беше дека историските прашања не може да бидат дел од преговарачката рамка и тоа е содржано во овој предлог документ којшто е стигнат во МНР, изјави премиерот Димитар Ковачевски на вечерашната прес-конференција.

Прашан дали протоколот од Договорот за добрососедство со Бугарија не е дел од преговарачката рамка, Ковачевски рече дека во однос на одвивањето на самиот процес на претпристапни преговори со ЕУ, тоа е дефиниран процес во рамки на Унијата којшто е дел од стандардите во ЕУ, како и дел од преговарачката рамка и тој процес го водат земјите членки на ЕУ од моментот кога земја кандидат ги отпочнува преговорите.

– Во однос на протоколот којшто го спомнувате, тој протокол не е прв протокол. Значи, тоа е втор протокол од Комисијата која што работи на следење и на спроведување на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Тој Договор за добрососедство со Бугарија е еден од документите кој што ние сме го потпишале, одобрен во Собранието и протоколот којшто е усогласен, за него детали ќе бидат презентирани од страна на МНР. Протоколот нема да биде дел од преговарачката рамка, рече Ковачевски.

Премиерот нагласи дека предлогот ќе биде доставен до Собрание и согласно собраниските процедури ќе биде спроведено така како што е потребно, бидејќи, како што рече, Владата не може да се меша во работата на Собранието.

– Во однос на прашањето за вклучување на други граѓани коишто се самоопределуваат на различен начин од граѓаните коишто веќе се дел од Уставот и тука не зборуваме само за граѓаните коишто се со бугарско самоопределување, туку и за оние со хрватско и со црногорско. Ние веќе имаме изјави од сите политички актери во државата дека тоа е процес којшто сите ќе го поддржат, изјави Ковачевски.

Во однос на поддршката и во однос на консензуалното прифаќање, Ковачевски рече дека треба да биде со најширок консензус, бидејќи на ваков начин ние правиме исчекор кон отворање на првата меѓувладина конференција на земјава со ЕУ.

– Првата меѓувладина конференција секогаш значи почеток на скрининг процесот, меѓутоа за деталите во однос на фазите во меѓувладините конференции од првата па понатаму, за деталите ќе информира утре вицепремиерот за евроинтеграции во чија што исклучива надлежност на него и на неговите колеги е овој процес, изјави Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски бара Владата да го објави предлогот, вели дека во него нема ништо друго освен „два модифицирани збора“

Официјалните ставови ќе бидат соопштени откако предлогот ќе ги помине филтрите на сите засегнати институции, рече Ковачевски

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков е речникот на бугарскиот европратеник Јорданов: МНР ќе упати писмо до Европскиот парламент за навредите

Редакција

Детален преглед: Плата не исплатиле 245 работодавачи кои зеле помош од државата за работниците

Редакција

По Кичеец и Камчев и Мијалков стана жител на Охрид: Затворската казна ќе ја издржува во Струга

Редакција