еМагазин
Image default
Македонија

Ковачевски ги информирал членовите на Владата за пристигнатиот нов француски предлог

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната 57 владина седница ги информираше членовите на Владата дека во Министерството на надворешни работи од француското претседателство пристигна предлог со решенија кои се однесуваат на јавно изнесените позиции и ставови од страна на Македонија во однос на спорот со Република Бугарија, информира владината прес-служба.

– Предлогот се разгледува од страна на експертски лица во Министерството за надворешни работи, а истиот од утре ќе биде ставен во широк консултативен процес, со владините коалициски партнери, претседателот на државата, Парламентот, како и со граѓанскиот сектор, експертската и останата јавност во земјата, по што се очекува да се донесе одлука во однос на предлогот, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чаир има над 400 активни случаи на Ковид-19: Детален преглед по скопски општини

Редакција

32 лица од новозаразените со Ковид-19 неодамна патувале надвор од Македонија

Редакција

Пристигнаа 100.620 дози вакцини „Фајзер“

Редакција