еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски: Нема ништо ново во однос на францускиот предлог, разговорите продолжуваат

Нема нови моменти во однос на предлогот на француското претседателство со ЕУ за тргање на бугарското вето за евроинтегративниот процес. Разговорите продолжуваат на ниво на експертски тимови на МНР на Македонија и Бугарија, изјави денеска на новинарско прашање премиерот Димитар Ковачевски.

Тој повтори дека Владата останува на ставот за францускиот предлог изнесен на прес-конференцијата во Брисел минатата недела и дека штом се дојде до прифатлив предлог од двете страни тој ќе биде процесуиран во институциите на државава.

–Јас ќе ве упатам на мојата прес-конференција што ја имав во Брисел и ставовите кои таму ги кажав се истите. Во моментов нема ништо ново во однос на тоа што беше разговарано до денот кога беше прес-конференцијата. Како што ви кажував и досега, процесот со Бугарија се води од страна на Министерството за надворешни работи.

Министерството за надворешни работи со своите експертски тимови разговараат со МНР во Бугарија. Во моментот кога ќе има прифатлив предлог од двете страни, тогаш тој предлог ќе може да биде ставен во институциите во С.Македонија. Во овој момент таков предлог нема, рече Ковачевски на новинарско прашање пред обраќањето на работилница за подготовка на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Топка го спаси Иван, кој помина 19 часа во море: Детали како преживеал

Редакција

(Фото) Литургија на македонскиот епископ Антаниски Партениј и на Гробот на Пресвета Богородица во Гетсиманија

Редакција

Македонија влезе во фаза „многу висок ризик“: Какви се проценките за ширење на коронавирусот

Редакција