еМагазин
Image default
Македонија

Ковачевски по изборот на новата Влада ќе го покани Мицкоски на средба

По изборот на новата Влада, претседателот на СДСМ и мандатар за состав на владиниот кабинет, Димитар Ковачевски ќе упати покана до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за средба на која ќе се разговара за актуелните прашања, како и да се изнајде решение за закони од интерес на граѓаните.

– Вечерта кога бев избран за претседател на СДСМ, а Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, имавме телефонски разговор дека по изборот на нова Влада ќе се видиме и ќе разговараме за актуелната состојба, рече Ковачевски во Топ Тема на ТВ Телма.

Ковачевски смета дека политичарите треба да ги здружат сите сили, и на ниво на партија, на ниво на коалиција, но и на држава и сите да дадат придонес кон најдобро и најбрзо решавање на проблемите.

– Сметам дека сите ресурси, особено на Владата, но и на Парламентот, треба да бидат насочени во носење закони и решенија за пребродување на кризата, но и закони во насока на поддршка на компаниите и граѓаните, рече Ковачевски.

МИА/Фото: Фејсбук/Ковачевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Далип Јахја ќе ја води Клиниката за ортопедија откако Виктор Камнар поднесе оставка

Редакција

Неколку болници означени како „црвени зони“ за евентуален бегалски бран од Украина, вели Сали

Редакција

Кривично можат да бидат гонети оние што присилуваат на бојкот, но не и оние што повикуваат

Редакција