еМагазин
Image default
Бизнис

Ковид-19 го „зарази“ Фершпед: Намалена добивка поради кризата од пандемијата

„Фершпед“ АД Скопје во периодот јануари-септември оствари нето добивка од 40.460.000 денари што е намалување во однос на добивката од истиот период во минатата година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Во услови на пандемијата со Ковид-19 и одлуките на Владата за привремено затварање на сите угостителски објекти, што предизвика откажување на сите аранжмани, директно се одрази на резултатите од работењето на друштвото, а особено во работењето на хотелско-угостителската дејност.

Раководството продолжува континуирано да ја следи состојбата и превзема неопходни мерки за намалување на негативните ефекти. Како врвен приоритет останува одржување на тековната ликвидност и финансиска стабилност“, соопшти компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

OKTA: Солидни оперативни резултати со исклучителен обем на продажба и зголемена прилагодена ЕБИТДА во услови на намалени меѓународни цени на горивата

Редакција

„Макпетрол“ откупи сопствени акции

Редакција

Колкава плата имал лани директорот на Макошпед

Редакција