еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се укинуваат ковид-мерките и протоколите во градинките

Владата на редовната 42-ра седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести, информираат од Министерство за труд и социјална политика.

„Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Поради тоа, Министерството за труд и социјална политика, ја известува јавноста дека спроведувањето и почитувањето на општите и посебни мерки и протоколи за заштита од Ковид-19 во предучилишните установи престануваат да важат,“ се вели во соопштението.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во струмичкиот и во радовишкиот регион последниот збор ќе го имаат независните и помалите партии

Редакција

По што Лила ќе ја памети годината што изминува

Редакција

(Видео) Филипче: Учениците, родителите и наставниците да ги почитуваат пропишаните мерки за безбедна учебна година

Редакција