еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Крај на 12-годишното владеење на Нетанјаху: Израел доби нова влада

Израелските пратеници ја одобрија новата коалициска влада.

Со 60 гласови „за“, еден „воздржан“ и 59 „против“ изгласана е новата влада на Израел, со што се става крај на 12-годишното владеење на Бенјамин Нетанјаху.

Пратениците потоа го изгласаа Нафтали Бенет за нов премиер на Израел, а за претседател на Кнесетот го избраа Мики Леви од центристичката партија Јеш Атид.

Новата владина коалиција првите две години ќе ја води лидерот на десничарската партија Јамина, Нафтали Бенет, а потоа Јар Лапид од Јеш Атид исто толку време.

По гласањето во Кнесетот, официјалниот трансфер на власта ќе се случи денеска во кабинетот на премиерот.

Претходно, Ликуд на Нетанјаху вети „мирен трансфер на власта“ по двегодишна политичка криза одбележана со четири избори што завршија или со неможност да се формира нова влада или влада на единство што траеше само неколку месеци.

МИА/Фото: Фејсбук/Нетанјаху

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

На менаџментот на ТТК Банка за надоместоци лани исплатени 180,9 милиони денари

Редакција

Македонците повторно на вакцинација викендов во Врање: Во организација на „Спона“ ќе бидат вакцинирани 800 граѓани

Редакција