еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Крајот на осаменоста“ во издание на ТРИ

Во рамките на едицијата „Магични приказни“ поддржана од Програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, во издание на Издавачки центар ТРИ неодамна излезе од печат книгата „Крајот на осаменоста“ од Бенедикт Велс. Преводот на македонски е на Катерина Јосифоска.

Воодушевувајќи со својата книжевна зрелост, во трогателниот и речиси беспрекорно напишан роман „Крајот на осаменоста“ Велс ткае тридецениска семејна историја низ неверојатни размисли за моќта на спомените во човековиот живот, за сличностите и различностите, за пријателството, љубовта и сочувството.

Романот нѐ води низ драматичниот живот на двајца браќа и една сестра кои ги губат родителите во автомобилска несреќа и ги поминуваат детството и младоста со чувство на напуштеност и отуѓеност. Дури и кога ќе пораснат, секогаш одново болно се навраќаат на минатото, кое го оставило својот суров печат врз нивните животи.

Оваа калеидоскопска семејна сага е истовремено и закрепнувачка љубовна приказна и ода за пријателството.

Бенедикт Велс е современ германско-швајцарски писател кој уште со објавувањето на својот прв роман ги освои читачката публика и критичарите, ги доби најзначајните домашни и странски награди и стана еден од најпреведуваните автори од германски јазик. Неговиот прв роман Последното лето на Бек, објавен во 2008 година, ја доби Баварската награда за поддршка на уметноста.

Потоа следуваа романите Откачен и Речиси генијално. Неговиот четврти роман Крајот на осаменоста досега е преведен на 34 јазици, а во 2016 година ја доби Наградата за литература на Европската Унија, како и наградата на Фондацијата „Равенсбургер“ за најдобар семеен роман. Во 2018 година ја освои и наградата „Еурегио“.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одбележан 20-годишниот јубилеј на „Zan Mitrev Clinic“: „И најголемиот бизнисмен и социјалниот случај добиваат иста услуга“

Редакција

Со гала балетскиот концерт „Големиот Чајковски“ на Националната опера и балет отворено 61. издание на „Охридско лето“

Редакција

Алкалоид ја доби наградата „Кристално ѕвоно“ на Македонската берза за најтранспарентна компанија

Редакција