Претставникот на Кремљ Дмитриј Песков денеска ги отфрли гласините дека рускиот претседател Владимир Путин се преселил во посебен бункер за време на пандемијата на коронавирусот.
– Путин живее во својата резиденција во Ново Орарјово, недалеку од Москва, доаѓа во Кремљ и повремено оди на ретки службени патувања. Технолошките средства му овозможија непречено да ги извршува своите работи и да комуницира без чести патувања, рече Песков во интервју за телевизискиот канал Росија 1, пренесува ТАСС.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.