еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија тврди дека нема да ја наговара Белорусија за влез во судирот со Украина

Кремљ ги отфрли шпекулациите дека целта на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Минск е да ја убеди Белорусија, која штотуку ја тестираше подготвеноста на своите воени сили, да се приклучи во конфликтот во Украина.

„Таквите предлози се „неосновани“ и „глупави“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Пред првата посета на рускиот претседател Владимир Путин на Минск по повеќе од три години, белоруското Министерство за одбрана објави дека извршило серија проверки на подготвеноста на своите вооружени сили.

Неделните воени вежби и проверки ги зголемија стравувањата во Украина дека Белорусија, откако и дозволи на Русија да изведува воени акции од нејзина територија, се подготвува за поактивна улога во конфликтот.

Во Киев денеска имаше серија руски напади со дронови кои ја оштетија „виталната“ инфраструктура во екот на зимата, неколку часа пред доаѓањето на Путин на разговори со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Тимчо Муцунски, новиот градоначалник на Аеродром

Редакција

УХМР за викендот најавува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција

Решен проблемот во Слупчане, сите граѓани мора да плаќаат за потрошената струја, вели Бектеши

Редакција