еМагазин
Image default
Македонија

Судскиот совет најави посета на Апелациониот суд за „Таргет-Тврдина“, „Трезор“, „Транспортер“ и „Алфа“

Судскиот совет на денешната седница одлучи да изврши работна посета во Апелациониот суд со цел да се констатира состојбата со предметите „Таргет-Тврдина“, „Трезор“, „Транспортер“ и „Алфа“ во смисла на почитување на законските рокови, преземените дејствија од страна на судијата и законитоста во одлучувањето во смисла на тоа дали учествувал судија кој што исполнил услови за старосна пензија.

– Судскиот совет нема да навлегува во носењето на одлуката, меѓутоа, може да испитува дали учествувал судија кој што не смеел да учествува во одлучувањето и дали има сторено процесни повреди во текот на постапката, во смисла на одолговлекување на истата, рече претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева.

На денешната седница претседателката ги задолжи координаторот на Апелациониот суд Скопје со работна група составена од членови на Советот, во најкраток можен рок да извршат работна посета во Апелациониот суд.

Оваа одлука следува по реакциите во јавноста во врска со одлуката на Апелациониот суд Скопје да ја укине пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“ откако ги уважи жалбите на обвинетите и го врати на повторно постапување пред Основниот кривичен суд Скопје случајот со масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), во кој на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков му беше изречена казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се судиите кои ја укинаа пресудата на Мијалков за “Таргет-Тврдина“, за масовното прислушување

„Уште фали Мијалков да го вратат директор у УБК“: Твитер реакции за укинувањето на пресудата за „Таргет-Тврдина“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во тек е идентификацијата на жртвите, списокот на патници испратен за Скопје

Редакција

Отец Пимен за францускиот предлог: Благодарам Франција, но не!

Редакција

СДСМ подржува пратениците да имаат само македонско државјанство, но тоа да важи и за актуелните

Редакција