еМагазин
Image default
Локално

Криумчари на мигранти бегајќи од полицијата се забиле во бетонски ѕид

На 29.01.2020 во 22.45 часот на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на бензинска пумпа кај с.Владевци, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „опел вектра“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Ш.С.(30) од с.Слатино, тетовско, но возилото не застанало, по што удрило во бетонски ѕид на бензинската пумпа, информира МВР.

„После тоа, возачот и совозачот го напуштиле местото на настанот, а полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток и СВР Струмица во возилото пронашле осум лица мигранти (еден од Сирија, тројца од Авганистан и четворица од Иран).

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица. Мигрантите се сместени во Прифатен центар за странци „Гази Баба“ и Привремен транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Град Скопје ќе дава субвенции за инвертер клими и чистење оџаци

Редакција

Го фатиле во „ауди А8“ барано од Интерпол

Редакција

Гостиварец и зел 400 евра на бившата девојка за да не објави компромитирачки фотографии

Редакција