еМагазин
Image default
Македонија

Кривична пријава против две лица од Кочани за „повреда на слободата на определување на гласачите”

ОВР Кочани до надлежното ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против Р.А. (54) и Б.Ш. (46) од Кочани поради основано сомнение дека сториле кривични дела „повреда на слободата на определување на гласачите” по чл. 160 ст.1 в.в.член 19 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.

По претходна пријава, преземени се мерки од страна на полициски службеници од ОВР Кочани за расчистување на случајот.

Утврдено е дека во периодот од 08.10.2021 до 15.10.2021 година во повеќе наврати Р.А. и Б.Ш. со намера да ги спречат да си го извршат избирачко право, им се заканувале на А.Д., С. Д., А.И. и З.М., сите од Кочани дека ќе бидат избркани од работа и ќе им бидат одземени други права доколку излезат на гласање и гласаат за партијата чии симпатизери се.

Осомничените лица се пронајдени и повикани во ОВР Кочани, извршени се консултации со дежурен основен јавен обвинител од Кочани и против двајцата е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кочани, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Здравствените работници во среда ќе излезат на протест, независно дали во понеделник ќе ја добијат јануарската плата

Редакција

САД ги поздравија напорите на Франција за тргање на бугарското вето, подготвени се да го олеснат компромисот

Редакција

Од СДСМ го демантираа Николоски од ВМРО-ДПМНЕ дека на нивни пратеници им биле одземени мобилните

Редакција