еМагазин
Image default
Македонија

Кривична пријава за 23 лица кои протестираа во Ченто за време на полициски час

Во врска со настанот кој што се случи на 13.04. годинава во населбата Ченто, а во кој поголема група на граѓани ја прекршија мерката за ограничување на движењето, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во изминатиот период беа преземени активности насочени кон целосно расчистување на настанот и идентификување на учесниците во истиот, информира МВР.

„Во таа насока до овој момент, освен трите лица кои првично беа приведени и за кои веднаш беше поднесена кривична пријава, дополнително по извршена оперативни активности идентификувани се уште 23 лица.

Тие се повикани во полициска станица и со истите е извршен службен разговор, за што е изготвена соодветна документација.

По целосно комплетирање на документацијата, изготвена е кривична пријава против 23 лица за сторено кривично дело предвидено и казниво по член 206 од КЗ и истата е доставена до Основното јавно обвинителство.

Покрај ова, а во насока на целосно расчистување на настанот, Министерството за внатрешни работи и понатаму презема соодветни мерки и активности со цел идентификација и на останатите учесници, и по целосно завршување на постапката ќе биде доставен дополнителен поднесок до надлежното ОЈО“, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: Идентификувани 21 лице кои што протестираа во Ченто

Сите што протестираа во Ченто ќе добијат кривични, детали за инцидентот од МВР

(ВИДЕО) Само во Македонија: Протест во скопски Ченто сред полициски час

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дескоска и Милошоски со различни верзии: Кои се пречките за идниот статус на СЈО?

Редакција

Детален преглед: Македонските болници стануваат се попополни со заболени од Ковид-19

Редакција

Избрканите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе делуваат како независни во нова опозициска пратеничка група

Редакција