еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за ексградоначалникот на Крива Паланка и тројца инспектори

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против А.А.(59), К.П.(54), А.А.(67), сите oд Крива Паланка и О.П.(60) oд Кратово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, информира МВР.

Во периодот од 01.08.2011 до 2018 година, првопријавениот, во својство на градоначалник на општина Крива Паланка, не постапил по oдобрението за поставување на урбана опрема, издадено од општина Крива Паланка, односно без да се отстрани урбаната опрема во предвидениот период наведен во oдобрението и aнекс-договорот за закуп и без да се прибави ново oдобрение, биле склучени нови договори за закуп на предметната урбана опрема со правно лице од Крива Паланка.

Второпријавениот и третопријавениот, во својство на овластени градежни инспектори во општина Крива Паланка не извршиле ниту еден инспекциски надзор и не презеле законски мерки согласно нивните работни задачи.

Исто така, четвртопријавениот, како овластен градежен инспектор, не презел законски мерки за отстранување на урбаната опрема, туку на 12.03.2020 донел решение за отстранување, по извршен инспекциски надзор по барање за поведување на постапка за дислокација на објекти од 04.03.2020 на општина Крива Паланка, поради реализација на урбанистички план со издадено решение за реконструкција и заедно со прво, второ и третопријавениот прибавиле материјална корист за општина Крива Паланка во вкупен износ од околу 788.601 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина маж прегазен од сопственото „ауди“ кај наплатната станица Миладиновци

Редакција

Семафор паднал врз 62-годишен кумановец

Редакција

МВР заплени 100 грама кокаин и „порше“ од дилер од Кичево

Редакција