еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за лекарка која неосновано издала потврда за движење во време на полициски час

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.K.(48) од Делчево и С.З.(50) од с.Панчарево, пехчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира МВР.

Првопријавената, вработена како лекар во здравствена установа од Делчево, постапила спротивно на одлуките на Владата, и изготвила медицинска потврда, во која навела дека лицето В.З. од с.Панчарево, дошол во нејзината ординација на лекарски преглед во придружба на четири лица, иако знаела дека истите не биле во придружба на пациентот.

Со потврдата лицата се движеле во времето на полицискиот час, постапувајќи спротивно на одлуката на Владата на РСМ   дека во време на забрана за движење, придружба на лице за  давање итна медицинска помош можат да вршат најмногу две лица.

Имено, второпријавениот телефонски на првопријавената и ги именувал четирите лица кои таа требало да ги наведе во потврдата за да им послужи за патување на истите во време на забраната за движење,  со што со умисла ја поттикнал лекарката да го стори кривичното дело, иако знаел дека лицата наведени во медицинската потврда не биле во придружба на пациентот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за лице од Кочани за ширење лажна вест дека е позитивно на корона вирусот

Редакција

Исчезна момче од Кисела Вода

Редакција

Приведен скопјанец кој нападнал полицаец

Редакција