еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за осум лица кои со лажни ПЦР тестови сакале да поминат граница

Регионален центар за Гранични работи Исток поднесе осум кривични пријави против Е.М.(34), Ф.Х.М.(33), двајцата од с.Врапчиште, гостиварско, Е.И.(31), Џ.И.(29), двајцата од Гостивар, Н.А.(42) од Кондово, скопско, В.Б.(22), А.М.(35), двајцата од Студеничани, скопско и Б.С.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени осум кривични дела „фалсификување исправа“ и осум кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на пандемија“, информира МВР.

Пријавените, на Граничен премин „Деве Баир“ доставиле на увид негативни ПЦР тестови, но при вршење на дополнителна проверка било утврдено дека тестовите се фалсификувани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Врие“ од обиди за влез во земјава со лажни ПЦР тестови преку скопскиот аеродром

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проблеми со плаќањето билет во автобусите на ЈСП со телефон

Редакција

Драма во скопско: Полицајци пукале за да се спасат од разулавена толпа селани

Редакција

Трговскиот центар „Ист Гејт“ продолжува нормално со работа

Редакција