еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за поранешен градоначалник на Карбинци

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против З.М.(39) од село Таринци, Карбинци, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”, информира МВР.

Во периодот од 26.04.2017 до 08.05.2017 година, пријавениот, како градоначалник на општина Карбинци, во повеќе наврати, од фирма од Штип, извршил набавка на варовничко андензитски дробен камен, без да спроведе постапка за јавна набавка, со што овозможил наведеното правно лице да се стекна со противправна имотна корист од 74.340 денари на штета на буџетот на општина Карбинци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жена загина во тешка сообраќајка во Скопје

Редакција

Три девојки држеле во заложништво девојче во стан во Струмица и го нападнале со остар предмет

Редакција

Започна едукативниот дел од проектот „Отвори очи и со памет! Во сообраќајот не си сам“

Редакција