Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Љ.Д.(61) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, информира МВР.
Од 01.07.2018 до 30.05.2019 година пријавената, како директор на државниот студентски дом „Доне Божинов“ – Пробиштип, спротивно на Законот за јавни набавки, извршила набавка на стоки, со што нанела штета од 579.885 денари на Буџетот на институцијата.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.