Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.П.(45) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, информира МВР.
Во текот на 2016 пријавениот, како градоначалник на Општина Пехчево, спротивно на Законот за јавни набавки, во 13 наврати донел решенија за исплата на парични средства на здружението за културни дејности „Млади во движење“-Пехчево, со што се стекнало со противправна имотна корист од 1.091.650 денари на штета на Буџетот на општина Пехчево.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.