еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Се отвара влезот на Охрид кој беше затворен поради градежни работи

Од денеска во 11 часот во редовен сообраќај ќе биде пуштена делницата од магистралниот пат Охрид – Кичево на потегот од излезот на градот до Подмоље, што поради градежни работи од минатиот месец беше затворена за сообраќај.

Со тоа престанува да важи времениот режим со задолжителното пренасочување на сообраќајот по стариот пат Охрид – Струга.

Од СВР – Охрид се апелира до возачите на внимателно управување со моторните возила и прилагодување на брзината кон состојбата и условите на патот.

Хотелиерите на охридското крајбрежје, апелираа за штети по туристичката сезона доколку овие градежни работи не се завршат на време.

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицискиот час ќе важи до 1 јуни, одлучи Владата

Редакција

Малолетници од Штип и Кочани „оперирале“ цркви и куќи во Охрид

Редакција

Македонски војници нема да одат во Украина доколку избие конфликт, вели Пендаровски

Редакција