еМагазин
Македонија

Кривична пријава за претседателка на избирачки одбор во Дебар за повреда на гласачко право

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жителка на градот зашто оневозможила гласање за време на првиот круг од локалните избори на 17 октомври.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на избирачко право“, поради оневозможување на гласање, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против М.Г.(49) од Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Како што се дознава, станува збор за претседателка на избирачки одбор на гласачко место во Дебар, која попречила лице да го оствари правото на глас.

Таа не отстапила од својата одлука и по костатацијата на Општинската изборна комисија, по поплаката на гласачот, дека нема никаков проблем да го оствари своето право на глас.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе остане ли министерка: Разрешувањето на Мизрахи денеска на собраниска седница

Редакција

Магдалена Филиповска-Грашкоска од Инспекциски совет, назначена за в.д. директор на ФЗО

Редакција

Во Струга најголема смртност од Ковид-19

Редакција