еМагазин
Image default
Македонија

Ќе остане ли министерка: Разрешувањето на Мизрахи денеска на собраниска седница

Предлогот за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политиказ, Рашела Мизрахи, кадар на ВМРО-ДПМНЕ е ставен на собраниска седница, закажана за денеска во 15 часот.

Како што е познато предлогот таа да биде разрешена до Собранието го достави техничкиот премиер, Оливер Спасовски, откако министерката одби да ја смени таблата во Министерството за труд и социјална политика, на која пишува Република Македонија, по што следеше вербална нота од Грција за непочитување на Договорот од Преспа.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по ваквата одлука на Спасовски повика на достоинство и разум и потенцираше дека нејзината смена може да донесе нова политичка криза, а Мизрахи изјави дека не очекува да биде разрешена, бидејќи не направила ништо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерката Мизрахи не очекува да биде разрешена, не била виновна за ништо

Мизрахи стана вест и во грчките медиуми, а поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас повика да и се забрани влез во земјите на ЕУ:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила новата министерка Рашела Мизрахи

ПОРТРЕТ: Рашела Мизрахи, биохемичарката која стана министерка за труд и социјална политика

Фото: Фејсбук/Мизрахи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камчев, Панделески и Јосифовиќ се ослободени од куќен притвор, ќе се бранат од слобода

Редакција

Врховен суд му ја зголеми казната на возачот кој ја прегази студентката Фросина Цековска на 4 години

Редакција

(Фото) Македонските војници кои помагаа во Турција се вратија дома

Редакција