еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава: За време на полициски час пукал од возило низ Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Г.(22) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и против Е.И.(21) и Д.А.(20), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информира МВР.

На 18.05.2020, за време на забрана за движење – полициски час, пријавените се превезувале во патничко возило „голф“, движејќи се со голема брзина по бул.„Трета македонска ударна бригада“ кон ул.„ЈНА“ во Куманово, при што првопријавениот, како сопатник во возилото, преку отворен прозорец испукал четири проектили од огнено оружје непозната марка кон неколку куќи и со голема брзина заминале кон ул.„Благој Илиев Гуне“ во Куманово, при што го загрозиле животот на луѓето кои биле во дворовите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Негрижа за културното наследство: Оштетил десет столбови на Аквадуктот во Скопје

Редакција

Кој е Дарко Голубовски-Кнеле од групата на Штекли, кој е уапсен

Редакција

Уништени куќи: Попуштиле потпорните ѕидови при ископ за станбена зграда на улица „Алжирска“

Редакција