еМагазин
Image default
Локално

Кривична за сопственик на угостителски објект во Дебар, работел после 18 часот

Сопственик на угостителски објект во Дебар заработи кривина пријава поради постоење основано сомнение за сторено казниво дело „непостапување според здравствени прописи во време на епидемија“.

Според портпаролот на Секторот за внатрешни работи од Охрид, Стефан Димоски, Одделението за внатрешни работи-Дебар, поднесло кривична пријава против И.Ц.(52) од Дебар.

„При контрола извршена на 24 декември 2020 година, полициските службеници констатирале дека пријавениот, не ги почитувал одредбите за работно време на угостителските објекти и, во својот објект лоциран во месноста „Пијанец“ примал гости, не водејќи сметка за препораките за заштита на населението од вирусот Ковид-19,“ додава Димоски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пиштол и нож извадени во кавга во скопска детска градинка

Редакција

Загина инжинер при минирање во рудникот Говрлево

Редакција

Прегазил полицаец и побегнал за да избегне казна

Редакција