Со цел поголемо почитување на мерките и намалување на потребата од воведување нови рестрикции, Владата го задолжи Министерството за правда да подготви и за наредната седница на Владата да достави уредба со законска сила во која правно ќе се нормира начинот и изрекувањето на мандатни казни.
Од Владата информираат дека ќе се прави фотографска документација од местото каде граѓанинот е затекнат, ќе се регулира висината на казните кон сите физички и правни лица кои нема да ги почитуваат одлуките, мерките и препораки на Владата.
– Групирањето над пет лица ќе се смета за кривично дело и ќе има кривична одговорност и за непочитување на минимум потребното растојание од два метри и неносење на заштитна опрема, велат од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од среда задолжително носење заштитни маски и ракавици за граѓаните во Куманово, Тетово и Прилеп
Владата препорачува еден член од семејството да купува намирници и лекови од маркетите и аптеките