еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Кромидот поскап за 10 денари, доматите и краставиците максимум до 95, леќата 110 денари: Корегирани цените на овошјето и зеленчукот

Владата денеска донесе Одлука со која се корегираат дел од замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот. Како што изјави министерот Крешник Бектеши, согласно Одлуката, килограм домати и краставици ќе чини максимум 95 денари, килограм пипер до 100 денари, килограм грав 95.

Кромидот поскапува за десет денари и ќе биде 70 денари, а само леќата, истакна Бектеши, ќе биде над 100, односно ќе се продава по 110 денари за килограм.

Според владината Одлука, килограм банани ќе чини до 75 денари, килограм портокали до 60, килограм мандарини до 65 и килограм лимони до 60 денари.

-Контролите ќе продолжат, ситуацијата секојдневно ќе се следи и ако е потребно, повторно ќе се интервенира доколку забележиме намалени увозни цени. Граѓаните да бидат спокојни, истакна министерот.

Бектеши очекува дека ќе се почитува Одлуката која е донесена зашто, како што напомена, последната недела се забележани зголемени увозни цени за над 30 отсто на одредени производи – домати, краставици, кромид и грав.

-Овие фактури што веќе се доставуваат во Царинската управа, се пологични од претходните, но ова не значи дека тука завршуваат контролите и инспекциите, подвлече Бектеши.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Олимпијадата во Токио одложена за 2021 година

Редакција

(Фото) И партнерката на српската премиерка на маршот на „Европрајд“ во Белград

Редакција

Зголемување за 1,6 пати: За една недела 6.768 нови случаи на Ковид-19

Редакција