еМагазин
Локално

Крвава пријателска средба во стан во Куманово

На 02.09.2018 година околу 21,45 часот било пријавено дека во Куманово на улицата „Доне Божинов“ , во станот на Н.Д. (40), додека истиот седел со М.С. (47) и Љ.М.(43) по кратка расправија, Љ.М. најпрво го удрил М.С. со чаша во пределот на главата, а потоа со остар предмет на Н.Д. му нанел две убодни рани во пределот на градите, по што го напуштил местото на настанот, соопшти МВР.

Н.Д. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Куманово, a потоа препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Кај М.С. констатирана е телесна повреда и по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје „парализирано“: Приватните превозници ги блокираа главните крстосници

Редакција

Експлодира котел за греење во куќа во Скопје

Редакција

(Галерија) Силниот ветер синоќа откорна дрвја, сруши бандери, летаа кровови на Партизанска

Редакција