еМагазин
Image default
Спорт

Кугларите на „Макпетрол“ го освоија националниот куп

Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола беше домаќин на купот во куглање на Македонија којшто го освои скопскиот клуб „Макпетрол“, информираат од клубот.

Актуелните шампиони на земјата, кои пред извесно време без пораз ја осигураа 21 титула во домашната лига, за 2022 година се носители на двојната круна, откако триумфираа и на неодамна одржаниот национален куп.

Второто место припадна на „Пелистер“, додека на турнирот учествуваа и „Макпетрол Б“, кои завршија на третото место. По нив се пласираа екипите на ГТЦ и на „Империјал“.

Првиот тим на „Макпетрол“ имаше 3.400 соборени дрвца, а играчите Јаглишиќ и Марковиќ беа предводници во победничкиот поход на екипата.

Откако заврши куп-натпреварувањето, претседателот на Кугларската федерација на Македонија, Предраг Николиќ ги додели пехари и наградите на турнирот, но и ги прогласи најдобрите тимови во националниот шампионат за сезоната 2021/2022 година.

Победничкото признание во лигата го доби „Макпетрол“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Крушево едно од најдобрите места за параглајдинг во Европа

Редакција

(Видео) Се играше и оро: Протести пред хотелот во Мелбурн во кој во карантин е Ѓоковиќ

Редакција

Авицена женска трка се одложува за 6-ти септември

Редакција