еМагазин
Image default
Локално

Кумановец фалсификувал димплома за да стане контролор на паркирање

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Т.(59) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, информира МВР.

Пријавениот од 2010 бил вработен во ЈП „Куманово – Паркинг“, со завршен трети степен средно образование за профил „електромеханичар“, за кое поседувал диплома, со цел да се унапреди во службата на работно место за кое бил потребен завршен четврти степен образование, набавил фалсификувана диплома за положен завршен испит, со кој се здобил со четврти степен стручно образование од образовен профил „енергетичар“ во училиште во Скопје.

Фалсификуваната диплома во 2016 ја приложил кај нотар од Куманово и во ЈП „Куманово – Паркинг“, а врз основа на истата бил склучен договор за вработување на пријавениот за работно место контролор на паркирање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Акција во Битола „Ова не е паркинг“

Редакција

Тетовчанец поминал граница, завршил во затвор

Редакција

(Галерија) Прилеп во новогодишно руво

Редакција