еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Курц поднесе оставка поради корупциски скандал

Австрискиот канцелар Себастијан Курц поднесе оставка, откако беше обвинет дека е вмешан во корупциски скандал, а неговото место ќе го презеде министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг.

На прес-конференцијата синоќа, најави дека „неговата оставка е привремена и дека планира да се врати на функцијата кога обвинувањата на Обвинителството ќе се покажат како неосновани.“

„Се повлекувам за да спречам хаос и за да се реши ситуацијата во која се најде коалицијата. Мојата земја ми е поважна од мене“, рече Курц.

Полицијата на 6 октомври влезе во канцеларијата на Курц и изврши претрес. Тој, деветмина негови соработници, како и три организации се под истрага на Обвинителството за борба против економски криминал, под сомнение дека јавни пари биле искористени за истражување што работата на австрискиот канцелар ја прикажува во подобро светло.

Фото: Фејсбук/Курц

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Соработникот на Димова, второобвинетиот Гочев призна вина, таа и Павлиду не

Редакција

Ќе заврши ли со политиката со затвор: Политичката кариера на Никола Груевски во 30 точки

Редакција

Судење за случајот „Двојник“: Петмина од обвинетите за лажните пасоши признаа вина

Редакција