еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Благодарение на Отворен Балкан размената со Србија зголемена за 20%, оцени Ангеловска–Божоска за „Новости“

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бeжоска оцени дека иницијативата Отворен Балкан веќе дава резултати, бидејќи трговската размена меѓу Србија и Македонија годинава се зголемила за 20 отсто, јави дописникот на МИА од Белград.

„Ефект може да има и напорите за поврзување на пазарот на трудот во услови кога сите три земји се соочуваат со намалување на работоспособното население. Зголемената интеграција може да ги направи економиите поконкурентни и поатрактивни за директни странски инвестиции,“ заклучи гувернерката на НБ во интервју за белградски „Вечерње новости“.

Таа оцени дека НБ има добра соработка со Народната банка на Србија и го наведе примерот со вклучувањето на динарот и денарот во курсевите на две национални банки, што овозможило тргување со тие валути на домашните пазари и ја олеснило економската соработка меѓу двете земји.

Ангеловска Божоска вели дека централните банки на Македонија и Србија постигнале високо ниво на подготвеност да преминат на еврото.

„Двете земји видно работат во континуитет за да обезбедат, кога ќе дојде моментот, побрзо да поминат низ процесот на монетарна интеграција. Првиот услов е полноправно членство во ЕУ.

Вториот е исполнување на критериумите од Мастрихт, а двете земји на овој план покажаа добри перформанси, што укажува на висок степен на подготвеност. На крајот на краиштата, извештајот на Европската комисија укажува на ваквите констатации,“ рече Ангеловска Бежоска за „Вечерње новости“.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со Косово ќе имаме два заеднички гранични премина

Редакција

Концерти на Сетстат и ПМГ Колектив Оркестар во Софија

Редакција

Вучиќ, Ковачевски и Рама на 1 септември ќе го отворат саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград

Редакција