еМагазин
Image default
Бизнис

Лани бројот на туристи зголемен за 38%

Лани во декември Македонија ја посетиле вкупно 48.913 туристи од кои 40,8 отсто биле домашни, а 59,2 отсто странски.

Тие оствариле 93.567 ноќевања при што 42,5 отсто се реализирани од домашните, а 57,5 отсто од странските туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година бројот на туристите е зголемен за 38 отсто во споредба со 2021 година.

Кај домашните туристи има зголемување за 5,7 отсто, а кај странските зголемувањето е за 8,8 отсто.

При тоа, бројот на ноќевањата е зголемен за 23,1 отсто при што кај домашните туристи има зголемување за 3,7, а кај странските зголемувањето е за 70,7 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Живко Мукаетов купи акции во Алкалоид

Редакција

Енергетската криза пресудна за соединување на ТЕЦ Неготино и ЕСМ, велат од компанијата

Редакција

Ќе има ли поевтин роаминг со Грција?

Редакција