еМагазин
Image default
Бизнис

Ќе има ли поевтин роаминг со Грција?

На неодамнешната средба помеѓу министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и неговиот грчки колега Никос Папас беше најавено дека цените на роамингот помеѓу Македонија и Грција треба да се намалат пред почетокот на туристичката сезона.

На средбата беше потпишан и Меморандумот за разбирање и намалување на цените на роамингот.

“Регулаторните тела на двете држави треба да ги утврдат деталите, односно за колку проценти ќе се намалат цените во роаминг. Ќе се обидеме кон крајот на мај, почетокот на јуни да понудиме конкретни резултати во делот на интернетот. До 2021 година ќе се одвива динамиката на намалување на цените, се до целосно укинување на роамингот. Односно, динамиката за целосно укинување ќе оди како со Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина“, појасни тогаш Манчевски.

За сега нема официјална информација дали тоа ќе се случи од 1. јули.

Регулаторните тела на двете земји до сега требаше да излезат со првите резултати, за колку проценти би можело да биде намалувањето и кои би биле цените, а доколку има потреба треба да се интервенира и во законската регулатива во двете држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поевтин роаминг: Од 1 јули цените ќе се намалат за 30 отсто

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за образование и наука склучи договор со Хилдин комерц вреден 1,7 милион евра

Редакција

Десет компании од Македонската берза со најголем профит: Злато, сребро и бронза за банките

Редакција

„Таа може да лета“: Програмата на „Виз ер“ има цел да ги урне родовите бариери во авијацијата

Редакција