еМагазин
Image default
Бизнис

Лани намален бројот на активни фирми

Во 2021 година во земјава биле активни 72.922 деловни субјекти, што е намалување за 0,2 проценти во однос на 2020 година.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека за 2,6 проценти е намален бројот на деловни субјекти во секторот уметност, забава и рекреација, а најголемо зголемување од 13,6 проценти има во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Според бројот на вработените, најголемо учество од 82 проценти имаат деловните субјекти со 1 до 9 вработени по што следат деловните субјекти без вработени или субјектите со неутврден број вработени (без податок за вработените) со 8,2 проценти, па субјектите со 10 до 19 вработени, субјектите со 20 до 49 вработени, субјектите со 50 до 249 вработени, а само 0.3 проценти од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.

– Како резултат на процесот на усогласување на варијаблите во Статистичкиот деловен регистар со регулативата за деловни статистики (EBS Reg. 2152/2019), за 2021 година ќе се објават две соопштенија. Ова соопштение е подготвено врз основа на добиените претходни податоци, а во второто соопштение ќе се објават дефинитивните податоци (во почетокот на 2023 година), велат од Државниот завод за статистика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„ГА-МА“: Сите учесници на пазарот на природен гас мора да бидат одговорни и да ги почитуваат законските прописи

Редакција

Јавното претпријатие за државни патишта склучи договор со Мирсат комерц вреден 2,3 милиони евра

Редакција

ЗК Пелагонија со добивка и намалени приходи во првиот квартал

Редакција