еМагазин
Image default
Бизнис

Лани завршена изградба на 6.301 стан

Деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност минатата година извршиле градежни работи во вредност од 30.768.214 илјади денари, од кои 14.662.217 илјади денари се за објекти во индивидуална сопственост, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во текот на 2022 година се градени вкупно 2.519 објекти, а завршени се 3.844 станови со вкупна површина од 257.085 метри квадратни, од кои 3.714 се во индивидуална сопственост.

По региони, најмногу се градело во Скопскиот Регион, потоа во Пелагонискиот, Југозападниот…

Во Скопскиот регион се завршени 2.107 станови, од кои 1.120 се во општина Аеродром, 336 во Гази Баба, 218 во Центар, 175 во Ѓорче Петров, 131 во Бутел, …

Просечната корисна површина на завршените станови е 66,9 метри квадратни.

Според податоците на ДЗС, во 2022 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 16.896.526 илјади денари.

Податоците за извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени во индивидуална режија покажуават дека во текот на минатата година се градени вкупно 2.145 објекти и завршени се вкупно 2.457 станови со вкупна површина од 304.916 метри квадратни од кои 102 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 7.981 метри квадратни.

Просечната корисна површина на завршените станови е 124,1 метри квадратни.

Најмногу се градело во Вардарскиот регион, потоа во Полошкиот, Скопскиот, итн..

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Жито Лукс“ во загуба од 12,3 милиони денари во првите три месеци од годинава

Редакција

Операторите ќе прекинат со реемитување на домашни и странски ТВ канали освен на јавниот сервис

Редакција

Доминација: „Виза“ и „Мастер кард“ омилени платежни картички на македонските граѓани

Редакција