еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лажни се пријавите за бомби во скопските основни и средни училишта

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека се лажни пријавите за наводно поставени експлозивни направи во основни и средни училишта во Скопје.

Според МВР, веднаш по добиените пријави полициски службеници преземаа мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки.

-Денеска во 15:55 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 13 основни и 6 средни училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа. Утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информира МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И денеска дојави за бомби во основни и средни училишта во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одбраната побара изземање на судијата за убиството на Саздовски

Редакција

Куќата во Битола каде е сместен бугарскиот клуб е на еврејско семејство кое е депортирано: Репортажа на германската телевизија ЗДФ

Редакција

Рамстор и Лидл ќе отвараат маркети во Кавадарци

Редакција