еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Засилени инспекциски контроли за замрзнатата цена: Леб нема зашто си ја почитуваме одлуката, велат пекарите

Тоа што нема бел и полубел леб на полиците во маркетите значи дека сите ја почитуваме одлуката донесена во понеделникот на состанокот во Стопанската комора, изјавија за МИА претставници од пекарската индустрија.

Според нив, засега промена на ваквата одлука нема.

Во меѓувреме, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) врши интензивни контроли – дали на терен се почитува владината одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, донесена вчера.

-Пекарите едноставно си ја почитуваат одлуката. Одлуката е донесена во понеделникот и промена на одлуката засега нема. Уште еднаш ќе повторам, тоа што нема леб на полиците во маркетите значи дека пекарите си ја почитуваат одлуката, истакна за МИА претставник од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.

Државниот пазарен инспекторат, како што информираат од таму за МИА, со сите капацитети е на терен и врши контроли на почитувањето на владината одлука. Од ДПИ најавуваат дека јавно ќе ги соопштат податоците од теренските инспекции кон крајот на денов.

Владата вчера донесе одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари. Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши соопштија дека одлуката ќе важи заклучно со 31 мај годинава

Причина за замрзнување на цената е непочитувањето на договорот да се намалат цените на основните прехранбени производи согласно субвенционираната струја што ја добиваа компаниите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во дел од маркетите утринава нема бел и полубел леб

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До средината на март ќе бидат затворени поголемите хотели на охридско-струшкото крајбрежје

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Минатата недела од Ковид-19 починале пет лица

Редакција