еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ поднесе претставка до Антикорупциска за Ковачевски за „Броило“

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата, Миле Лефков денеска поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за премиерот Димитар Ковачевски за случајот “Броило“.

„Денеска сум овде пред ДКСК да проднесам претставка, практично ќе им дадеме можност на ДКСК да се поправат, и наместо да потклекнат под политички притисок, за аферата “Броило“, во чија што средина се наоѓа дезертерот Ковачевски, да ги согледаат фактите и да донесат одлука врз основа на закон.

Залудни им се сите обиди да го амнестираат премиерот, кога тој потоа излегува на емисија и признава дека во време додека бил заменик министер за финансии, исплаќана е државна помош на фирмата основана од него, а сега водена од неговиот кум, Пиксел груп.

Но да почнеме со ред и полека, за да може ДКСК да разбере:

Ковачевски и неговиот кум ја основаат Пиксел груп 5 месеци откако СДС формира влада во 2017 година. Од тука почнува аферата „Броило“ и создавањето на соларниот картел, кој до сега е влезен во бизниси од над 26 милиони евра.

За само една година, Пиксел груп гради фабрика за изработка на фотоволтаични панели.

Во истиот период КМГ ЕОЛ Квазар, сопственост на кумот на Ковачевски добива државни тендери во висина од 2 милиони евра, и тоа  за поставување на соларни панели, кои ги прави Пиксел груп. Од тука почнуваат сомнежите за злосторничко здружување.

Ковачевски станува заменик министер за финансии, а КМГ ЕОЛ Квазар склучува договор со ЕВН од над 2 милиони евра, повторно за монтирање на фотоволтаични панели, која самата не ги изработува, туку ги изработува Пиксел груп основана од Ковачевски. Тргувањето со влијание е впечатливо.

Ковачевски станува премиер во јануари 2022 година. Четири месеци подоцна во Бугарија се отвора фирма од бугарски граѓани под името Солар Хорајзон. Во август 2022 бугарската фирма доаѓа во Македонија и заедно со Пиксел груп основана од Ковачевски почнуваат инвестиција во фабрика во ТИРЗ Тетово во вредност од 54 милиони евра.

И во целиот овој период од 5 години, Пиксел груп на Ковачевски добива државна помош, и во време кога Ковачевски е заменик министер за финансии, факти кои и самиот тој ги признава. Но и во време додека е мандатар за избор на нова влада, кога на Пиксел груп и се префрлени над 200 илјади евра.

Дали се потребни уште докази?

ДКСК да не потклекнува под политички притисок, и да ги согледа фактите. Ја охрабруваме Антикорупциска да делува согласно закон“, изјави Лефков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Антикорупциска внимателно да го следи случајот „Броило“

Антикорупциска нема да отвори постапка против Ковачевски за „Броило“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 984 случаи на Ковид-19 од 2.995 тестирања

Редакција

Сакам да верувам дека е ненамерен пропуст, вели Ковачевски откако Петков го „исече“ од фотографијата со Блинкен

Редакција

Убава вест: 413 оздравени од Ковид-19

Редакција