еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Историска одлука: Европската комисија предложи кандидатски статус за Босна и Херцеговина

ЕУ предложи да и се додели кандидатски статус на Босна и Херцеговина, изјави денеска Урсула Фон дер Лајен на Конференцијата на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Брисел.

– Ветер на промени повторно дува низ Европа и ние мораме да го фатиме овој моментум, додаде таа – Западен Балкан припаѓа во нашето семејство, потенцираше претседателката на Европската комисија.

Европскиот комесар за проширување на ЕУ, Оливер Вархеи, претходно денеска соопшти дека Европската комисија препорачува 27-те членки на Европската Унија да и доделат на Босна и Херцеговина статус на кандидат за членство.

„Ова е нешто што можеме да го направиме и мораме да го направиме“, им рече тој на членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Тој чекор кон пристапување во ЕУ бара едногласност на дваесет и седумте земји-членки.

Од Босна и Херцеговина беше побарано да работи на реформите и беа наведени осум приоритети, а се очекува тие да добијат позитивен одговор од членките во декември, имајќи предвид дека тоа е идентична формула од препораката на ЕК како што беше случајот со Украина и Молдавија.

Приоритет е да се донесат измени на постојниот Закон за Висок судски и обвинителски совет; Да се ​​донесе нов закон за Високиот судски и обвинителски совет и да се донесе закон за судовите на Босна и Херцеговина; Да се ​​донесе закон за спречување судир на интереси; БиХ да преземе решителни чекори за зајакнување на превенцијата и борбата против корупција и организирани криминал; Унапредување на работата за обезбедување ефикасна координација на сите нивоа кога станува збор за граничното управување и капацитетите за управување со миграцијата, како и обезбедување на функционирање на системот за азил; Да се ​​обезбеди забрана на тортура, особено преку воспоставување национален превентивен механизам против тортура и малтретирање; Да се ​​гарантира слободата на изразување и медиумите и заштитата на новинарите, особено преку обезбедување соодветни судски постапки во случаи на закани и насилство врз новинари и медиумски работници и да се ​​обезбедат резултати во функционирањето на сите нивоа на механизмот за координација за прашањата на ЕУ, вклучувајќи го и развојот и усвојувањето на националната програма за усвојување на правото на ЕУ.

Досегашното искуство покажува дека членовите би можеле да поднесат дополнителни барања покрај оние дадени од Европската комисија, но кандидатскиот статус е речиси сигурен, јавија сараевските медиуми.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три лица биле на возраст од 30-49 години: За една недела 69 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

ЕЛЕМ без тендер склучи договор со „Марковски компани“ вреден 92 милиони денари

Редакција

Секој податок од пописот ќе проверува преку неколку бази на податоци

Редакција