еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Легализирањето на марихуаната во Германија ќе заштеди над една милијарда евра

Германското Министерство за здравство очекува планираната легализација на канабисот да им заштеди на агенциите за спроведување на законот, судовите и затворите во земјата повеќе од една милијарда евра (1,08 милијарди долари) трошоци годишно.

Ова произлезе од ревидираниот предлог-закон што Министерството го испрати до професионалните здруженија кои се занимаваат со ова прашање, рече портпаролот на Министерството.

Според нацрт-законот, првпат објавен од медиумската група „Функе“, Министерството очекува годишни заштеди од 800 милиони евра за агенциите за спроведување на законот, 220 милиони евра за судовите и 35 милиони евра за воспитно-поправните установи.

Основите на проектот за легализација на канабисот ги претстави германскиот канцелар Олаф Шолц во април.

Меѓу клучните точки познати досега, на лицата на возраст од 18 години и постари ќе им биде дозволено да поседуваат до 25 грама. Ќе биде дозволено и одгледување најмногу три растенија за лична употреба.

Канабисот нема да се продава во специјализирани продавници како што некогаш беше предложено. Наместо тоа, канабисот треба да се одгледува и да се продава колективно во клубовите за канабис.

Клубовите и членовите на клубовите ќе мора да се држат до строги правила.

Канабисот ќе се дистрибуира само на членовите, најмногу до 50 грама месечно и само во „неутрално пакување“.

ДПА дознава дека нацрт-законот би можел да биде одобрен од владата во средината на август. Ќе биде потребно одобрение од Бундестагот, долниот дом на парламентот, но не и од Бундесратот, горниот дом.

Застапниците за легализацијата на канабисот во германската коалициска влада имаат за цел да го легализираат оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малта стана првата членка на ЕУ која ја легализираше марихуаната за лична употреба

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи да реферира пред пратениците за тоа колку е Бесмира Ејупи квалификувана да работи во МНР, вели Милошоски

Редакција

Данска по трет пат светски првак во ракомет

Редакција

ЈП Исар – Штип склучи договор со Мист енерџи еко вреден над 1 милион евра

Редакција