еМагазин
Image default
Македонија

Лекот „ивермектин“ кој дава позитивни резултати во борбата против Ковид-19, ќе пристигне за две недели

„Ивермектин“ ги помина сите фази во Министерството за здравство и во МАЛМЕД и тој лекот ќе се издава на рецепт од страна на матичните лекари и во болнички услови, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој најави дека лекот ќе пристигне во нашата земја во следните две недели.

„Студиите покажаа дека „ивермектинот“ се дава на три групи граѓани и тоа, кај ризичните групи на работници, коишто имаат висок ризик да заболат, потоа на луѓе, кои биле во контакт со заболен и на заболени пациенти.

И кај трите групи има различни индикации, различно дозирање и затоа е потребно давањето на лекот да биде под контрола на лекар. Јас верувам дека во следните две недели ќе биде достапен во нашата земја,“ изјави Филипче.

Инаку, според микробиологот и професор Никола Пановски, тој е единствениот лек кој дава позитивни резултати во сите форми на болеста и добро е да се прима наместо антибиотици.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

515 заболени од коронавирусот без симптоми, 373 имале контакт со веќе потврден случај во државата

Редакција

Од Ковид-19 починале девет лица, дополнително пријавени уште осум

Редакција

Кардиоваскуларна болест имаат најголем дел од заболените од Ковид-19 во Македонија

Редакција