еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Лекувањето на младиот Никола во Турција тече според протокол, во меѓувреме доби работа во Општина Гази Баба

Лекувањето на младиот Никола Ѓорѓиев од Црешево во Турција се одвива според предвидениот протокол, а момчето кое се лекува од рак и кое ја сплоти Македонија, од денеска е вработен во Општина Гази Баба.

-19 годишниот Никола Ѓорѓиев од Црешево за кого во хуманоста се обедини цела Македонија од денес ќе биде мој соработник во општинската администрација на Општина Гази Баба.

Кога прв пат го сретнав Никола, запознав еден млад човек, полн со живот, кој ми кажа дека по сите предизвици со кои се соочил во животот, сака да се вработи и да биде самостоен човек.

Таа желба на Никола од денес станува реалност. Никола ќе биде дел од мојот тим и ќе има можност да даде свој придонес во напредокот на Општина Гази Баба.

Што се однесува до лекувањето на Никола, тоа се одвива согласно утврдениот протокол и тој на 17. јули, треба да замине за Турција со цел примање на четвртиот дел од терапијата.

Никола, кога те запознав ти кажав дека во мене низ целиот твој живот ќе имаш пријател и сојузник. И тоа ќе остане така!

За мене нема ништо повредно од тоа кога знам дека со одредена моја постапка, сум причината за нечија среќа, информираше на Фејсбук, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Собрани парите за лекување на младиот Никола Ѓорѓиев во Турција

Фото: Општина Гази Баба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Објавена снимка од моментите пред убиството на 29-годишниот навивач на АЕК

Редакција

(Графикон) Просечната возраст на заболените со коронавирусот во Македонија е 43,8 години

Редакција

ЕВН донира 200.000 евра за медицинска опрема и материјали и 10.000 евра за приклучок на новата монтажна болница

Редакција