Летното сметање на времето ќе започне на 31 март во 2 часот по полноќ, така што, стрелките на часовникот се поместуваат за еден час нанапред. Летното сметање на времето во 2019 година завршува на 27 октомври.
„Донесувањето на оваа одлука придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Северна Македонија за асоцирање кон Европската Унија, како и водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање“, се вели во соопштението на Министерство за економија.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.