еМагазин
Image default
Македонија

Левица: Од утре ништо нема да биде исто, не не изненадуваат обидете за саботажа

Политичката партија Левица на првата прес-конференција по затворање на изборните места информираше за низа нерегуларности што нивните активисти ги забележале во тек на денешниот ден.

Во Општина Штип, според претставникот на Левица, Амар Мециновиќ имало редница граѓани кои ги немало во избирачкиот список и чекале решенија, но решенијата што им биле издадени се однесуваат на гласање во вториот круг.

– На избирачките места 2708 и 2709 во Општина Аеродром, гласачи недостасувале во Избирачкиот список. Во избирачкото место 2604 во населба Тафталиџе, во Општина Карпош, на една адреса каде што живеат тројца избирачки, дополнително се водат уште тројца во избирачкиот список на кој им било дозволено да гласат.

На избирачкото место 0345 во Гевгелија во 11.00 часот при примопредавање на смената новодојдениот член на Избирачкиот одбор констатирал дека кај член кој дотогаш бил задолжен за давање на ливчиња на советничките листи на избирачите има едно извиткано, изгужвано ливче.

Ова го забележал и претседателот на Избирачкиот одбор, кој се уште до тој момент не го искористил избирачкото право, па така со уште едно избирачко ливче за градоначалник го искористил извитканото ливче за советничките листи.

Сепак новодојдениот член дополнително констатирал дека во купчето на гласачки ливчиња за советнички листи има 98 ливчиња, додека за градоначалници има 99. Претседателот на избирачкиот одбор го пријавил случајот на надлежните органи, изјави Мециновиќ.

– Избирачкото место 2632 во општина Карпош гласачките кутии не биле пломбирани. Избирачкото место 2780 во населба Драчево, Општина Кисела Вода, спречен е т.н принцип на изборна измама „бугарски воз“ од страна на наш овластен преставник, каде што гласач подигнал четири ливичиња, а во кутијата ставил три. Гласањето е прекинато во 12.30 часот и до 15.00 часот уште не било продолжено, рече Мацановиќ.

Од таму додадоа дека нив не ги изненадуваат обидите „за саботажа на изборниот процес и гушењето на волјата на граѓаните затоа што се прикладни за гарнитура кој е во слободен пад и која води кон пораз“.

– Сепак гласачкото тело и покрај сите притисоци и препреки покажа дека е мотивирано и одлучно да ја артикулира својата волја. Од утре нема ништо да биде исто, посочи Мацановиќ.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ременски: Немам ништо против Обвинителството да ја испита мојата функција во невладината на Боки 13

Редакција

Ревакцинирани вкупно 764.953, трета доза примиле 1.292 граѓани

Редакција

Убава вест: Оздравени 93 лица со Ковид-19, најмногу во Штип и Скопје

Редакција