еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ахмети прогласи победа на ДУИ на Локалните избори

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети на завршната прес-конференцијата на партијата по локалните избори изрази задоволство од постигнатите резултати, посочувајќи дека уште во првиот круг ДУИ победила во три општини – Сарај, Липково и Пласница.

Според него во втор круг одат со голема предност во десетина општини – Тетово, Чаир, Кичево, Струга, Желино, Теарце, Боговиње, Арачиново и Долнени. Исто така и во втор круг кандидатите на ДУИ одат во општините Дебар, Чашка, Гостивар и Врапчиште.

– Сакам да изразам задоволство за целокупниот изборен процес каде се покажа демократска култура, бидејќи изборите се рефлексија на една држава и со тоа овој процес помина во најдобар можен ред.

Сакам да им честитам на сите учесници во натпреварот. Ги поздравувам членовите на ДУИ за оваа победа, после победата во 2020 на парламентарните избори, каде покажаа уште еден успех при тоа зголемувајќи го бројот на гласовите за својата партија.

Покрај на локалните, општинските и централниот штаб, сакам да им заблагодарам и на гласачите кои се определија за духот на зелената агенда на животот на ДУИ, која беше претставена пред избирачите.

Како што секогаш сме биле победници и во овој важен процес за локална самоуправа излеговме како победници, изјави Али Ахмети на прес-конференцијата.

Тој истакна дека ДУИ во албанскиот политички блок има повеќе гласови од опонентите за Советите во Гази Баба, Бутел, Шуто Оризари, Битола, Охрид и Чучер Сандево.

МИА/Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието го донесе буџетот за 2020

Редакција

Македонија обезбеди привремен престој за 131 авганистански граѓанин вработени во Обединетите нации

Редакција

Владата препорача спортските натпревари да се играат без публика, јавните собири да се откажат до 6 март

Редакција