еМагазин
Image default
Македонија

Левица поднесе претставка за дисциплинска одговорност на полициски службеници за инцидентот кај „Скендербег“

Политичката партија Левица денеска до Одделот за внатрешни работи при МВР поднесе претставка за барање за отпочнување постапка за утврдување дисциплинска одговорност на полициски службеници кои интервенирале при вооружениот инцидент кај плоштадот „Скендербег“ на 7 јули, за време на протестот против францускиот предлог.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Цела снимка од инцидентот кај Скендербег

Според портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ, овие полициски службеници не постапувале според Правилникот за вршење на полициските работи.

– Како што знаеме, неколку лица кои јасно се гледаат од фотографиите објавени низ медиумите свесно употребиле огнено оружје и со различни дејствија го нарушиле јавниот ред и мир. При овој инцидент, полициските службеници кои се наоѓаат на местото на настанот не презеле соодветни мерки за неутрализирање на опасноста која може да настане при употреба на оружјето.

Сето ова е видно од бројните слики и видеа кои се појавија на социјалните мрежи, рече Мециновиќ на денешната прес-конференција по поднесувањето на претставката.

Според него, со својата постапка полициските службеници „обмислено постапиле“ спротивно на Правилникот за начинот за вршење на полициски работи.

Како што потенцираше, полициските службеници требале според член 42 да ги предупредат вооружените лица, според член 45 да им наредат да го спуштат оружјето, според член 47 да го одземат употребеното оружје и според член 55 вооружените лица да бидат задржани.

– Единаесет лица се наоѓаат во притвор за нередите пред Собранието, иако ниту едно од тие лица не е она со качулките кои беа уфрлени да го предизвикаат инцидентот. Сведоци бевме и на употреба на прекумерна сила од страна на полицијата пред Собранието, целосно спротивно на тоа како полицијата постапи за време на инцидентот кај плоштадот „Скендербег“.

Според податоците кои пристигнуваат до нас, целото сценарио од петтиот ден од народниот протест, е во режија на структурите на безбедност, под палка на пробугарската власт, додаде портпаролот на Левица.

Тој напомена дека и албанскиот народ во историјата, исто така, се соочувал со идентитетска репресија и негативни квалификации и ги повика и Албанците да се придружат на денешниот протест, во кој ќе маршираат од плоштадот Скендербег до МНР, за, како што рече, да испратат порака на „сплотеност против надворешните непријатели“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проблемот со Слупчане е надминат, кој не ги плаќал сметките ќе мора да ги плати, вели Ковачевски

Редакција

Заев ќе го тужи потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски за изјава за “Рекет“

Редакција

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Мијалков за „Тортура“

Редакција