еМагазин
Image default
Македонија

Левица во Собранието оствари средба со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин

Денеска во репрезентативната „Струшка сала“ на Собранието, пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов остварија работна средба со рускиот амбасадор во Македонија, Сергеј Баздникин, информираат од партијата.

“На оваа втора официјална средба беше разговарано за актуелните домашни и меѓународни теми, со посебен осврт на специјалната воена операција во Украина и последиците од истата по меѓународниот поредок.

Акцент се стави на процесот на денацификација и елиминирање на заканите од екстремно-десничарските и радикалните неонацистички политички движења, кои се опсаност за секоја современа демократија.

Отворени беа и прашања од важност за Западен Балкан, како и за непромислените русофобски изјави на шефот на дипломатијата – Бујар Османи, кои беа оценети како провокаторски и непријателски, и кои воопшто не придонесуваат кон развојот на традиционално добрите односи меѓу македонскиот и рускиот народ.

Пратеникот Апасиев се огради од последните контроверзни дејствија на македонската дипломатија и потсети дека овие нецивилизирани антируски чекори воопшто не ја изразува волјата на мнозинството македонски граѓани.

Осудени беа и непотребните санкции кои Република Македонија, под притисок на ЕУ и НАТО, ги воведе спрема Руската Федерација – од кои најголеми губитници ќе бидат токму македонските земјоделци, а потенцирана беше и заканата од загрозување на досегашниот постоечки безвизен режим меѓу Москва и Скопје, што ќе го отежне патувањето и транспортот меѓу државите.

Отворени беа и други важни прашања за културната и образовната размена помеѓу двете земји, а беа опфатени и теми од современата геополитика.

Средбата помина во срдечна и пријателска атмосфера, со надеж за продлабочена идна соработка меѓу двата народа, а на крајот од истата на амабасадорот му беше врачена и свечена монета со ликот на Гоце Делчев, која Левичарскиот институт „Рацин“ ја изработи по повод 150 годишнината од раѓањето на овој македонски великан“, велат од партијата.

Фото: Левица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнува судењето за нападот врз Пендиков

Редакција

Обвинителство побарало од надлежните органи од САД, да го спречат објавувањето на „бомбите“ од „Ел Чека“

Редакција

Нови 128 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Штип

Редакција